Локалната самоуправа ќе го реконструира паркинг просторот во Карпош 3, (позади „Базаро“), со поставување на бекатон плочки, на вкупна површина од 900 м2. За таа намена, вчера започнаа подготвителните работи кои опфаќаат израмнување на теренот и тампонирање на подлогата.

 

Станува збор за површина која повеќе години беше запуштена, каде при неповолни временски услови се создаваше кал, а во летниот период и прашина. Притоа, ваквата состојба на овој потег придонесуваше кон поголемо загадување на околината.

 

Со оваа интервенција, Општина Карпош од една страна очекува да се подобрат инфраструктурните услови на оваа локација, а од друга страна пак, дополнително да се влијае кон одржување на здравата животна средина.