ПОЧНА ПРОДАЖБАТА НА ЗЕЛКА ВО БАРДОВЦИ
- ноември 2, 2018
- 0
Деновиве стартуваше пазарот за зелка во Бардовци и Злокуќани.
Општината Карпош неколку години во континиутет им овозможува директна помош на производителите на зелка и други сезонски производи од овие месни заедници, со тоа што, без никаков надоместок, им организира изнаоѓање на соодветен простор и опрема на која ги изложуваат и продаваат своите сезонски производи.
Покрај оваа директна помош, Општина Карпош заедно со производителите им помага и на граѓаните од Карпош во снабдувањето со производите кои се бренд на нашето подрачје.