ПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА КАРПОШ
- октомври 16, 2026
- 0
Се свикува 19. седница на Советот на Општина Карпош за 22 октомври 2026 година (четврток), со почеток во 10.00 часот.
За седницата се предлага следниот:
ДНЕВЕН РЕД
– Усвојување записник од 18. седница
- Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Карпош за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2026 година до 30.09.2026 година
- Предлог-Одлука за давање согласност за објавување Јавен оглас за пријавување на заинтересирани лица за членување во Партиципативното тело на Општина Карпош во областа на урбанизмот
- Предлог-Одлука за изменување на Одлуката за давање согласност за изготвување на Физибилити студија за утврдување на извори на техничка вода на подрачјето на Општина Карпош
- Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за именување на претседател и членови на Комисијата за заштита на животната средина и природата (екологија и енергетска ефикасност)
- Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за именување на претседател и членови на Комисијата за култура;
- Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за именување на претседател и членови на Комисијата за негување и чување на традициите на македонскиот народ и македонската држава и заштита на историските споменици и спомен обележја;
- Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за именување-верификација на членови од редот на Советот на Општина Карпош за формирање Комисија за доделување на еднократна парична помош (лекување и социјален ризик) за 2026 година
- Предлог-Одлука за прогласување на заслужни граѓани на Општина Карпош за 2026 година
- Предлог-Одлука за доделување признание за долгогодишна соработка и партнерство, во интерес на граѓаните на Општина Карпош на Полициска станица од општа надлежност Карпош
- Предлог-Одлука за доделување признание за долгогодишна соработка и партнерство, во интерес на граѓаните на Општина Карпош на Бригада за противпожарна заштита – пункт Тафталиџе
- Предлог-Одлука за доделување признание за долгогодишна соработка и партнерство, во интерес на граѓаните на Општина Карпош на ЈЗУ „Здравствен дом“ Скопје – итна медицинска помош
- Предлог-Одлука за наградување на истакнат полициски службеник од Полициска станица од општа надлежност Карпош
- Предлог-Одлука за наградување на истакнат пожарникар од Бригада за противпожарна заштита – пункт Тафталиџе
- Предлог-Одлука за наградување на истакнат здравствен работник од ЈЗУ„Здравствен дом“ Скопје – итна медицинска помош
- Предлог-Одлука за наградување на истакнат вработен во Општина Карпош
Седницата на Советот ќе се одржи во просториите на Општина Карпош (сала за совет).
Телефон за контакт: 070/410-631









