ПОГОЛЕМА ГРИЖА ЗА ЈАВНИТЕ ДОБРА
- јуни 24, 2016
- 0
Општина Карпош ангажираше фирма за обезбедување која ќе се грижи за четири плоштади нанејзината територија и тоа: плоштадот ,, Делифина ‘’ во населбата Влае, Плато фонтаната во Карпош 3, Платото на Млечен ресторан и Платото на Педагошка.
Во иднина се предвидува, обезбедувањето да се прошири и на останатите плоштади на територијата на локалната самоуправа, со што тие рекреативно- забавни катчиња ќе бидат заштитени од изолирани инциденти на некои несовесни граѓани кои ги оштетуваат реквизитите и хортикултурните аранжмани.
Овој ангажман на локалната самоуправа ќе претставува заштеда на средствата од општинскиот буџет кои досега беа издвојувани за поправка и реконструкција на направените штети на плоштадите и цветните аранжмани во Општината. Локалната самоуправа воведе 16 часа обезбедување на плоштадите. Тимот на обезбедувањето ќе работи во две смени, со по двајца обезбедувачи.