ПОВЕЌЕ ГРИЖА ЗА ДЕЦАТА И ХИГИЕНАТА ВО КАРПОШ
- јануари 25, 2018
- 0
Едукативниот центар на Македонското „ Монтесори Здружение“ во соработка со Општина Карпош, веќе пет години се грижи за подобрување на квалитетот на животот и на воспитувањето и образованието на децата, (пред се од ромската популација, но и од руралните средини).
Во рамките на овој проект, децата од предучилишна возраст од населените места Бардовци и Злокуќани активно се вклучени во воспитно – образовната програма, во рамки на која, тие се подготвуваат за започнување на формалното образование. Здружението „ Монтесори“, своите работни содржини ги реализира по моделот на учебна година. Во изминатиот период, родителите и децата покажаа голема заинтересираност за вклучување во оваа предучилишна воспитно-образовна настава. Токму затоа, Советот на Општина Карпош оценувајќи го како корисен и успешен, и оваа година даде „виза“ за продоложување на овој проект на подрачјето на локалната самоуправа.
Со цел да се зајакнат оперативните капацитети за одржување на чистотата и хигиената на територијата на локалната самоуправа, Советот ја донесе и Одлуката за набавка на основно средство. комунално – товарно моторно возило за собирање, транспорт и изнесување на смет.
На шестата седница , советниците ја одобрија и Одлуката за прифаќање на донација од Друштвото за градежништво, трговија на големо и мало, увоз-извоз „ МАСТЕФ ДООЕЛ“ Скопје. Донацијата ќе се реализира во финансиски средства.