ПИКОЛИНИ“ ДОБИ ШАРЕНИ И ИНТЕРАКТИВНИ ТРОТОАРИ
- јули 5, 2018
- 0
На пешачката зона, пред приватната градинка “Пиколини” во Карпош 4, денеска се цртаа повеќе симболи и цртежи кои имаат за цел да предизвикаат поголемо внимание кај минувачите и возилата, тротоарите да останат слободни за движење на пешаците и да бидат безбедни за децата.
Во обележувањето на тротоарите се вклучија и најмладите кои добија шанса да ја покажат својата креативност и ликовните вештини.
Нивниот став е дека на сивилото и монотонијата треба да се одговори со шаренило и интерактивни содржини.
Општината ќе продолжи да ги поддржува проектите на воспитно – образовните установи на територија на Карпош кои се во насока да ја унапредат детската заштита, но, и да покажат грижа и одговорност за локалната заедница.