ООУ „ БРАТСТВО“ ШАМПИОНИ ВО ФУДБАЛ ЗА 2017/2018
- мај 8, 2018
- 0
Во последниот натпревар од годинешната училишна фудбалска лига во Општина Карпош, фудбалерите од ООУ „ Братство“, ги победија основците од ООУ „ Вера Циривири Трена“ со 2:0 и станаа шампиони во фудбал за 2017/2018 година. На второто место на табелата се пласираа фудбалерите од ООУ „ Војдан Чернодрински“, додека бронзениот медал го освоија основците од ООУ „ Владо Тасевски“. Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев им го честиташе успехот на шампионите и им посака вакви достигнувања и во идната натпреварувачка сезона.
– Среќен сум, што како локална самоуправа, со нашето Одделение за култура и спорт ги организираме овие училишни спортски лиги во фудбал, кошарка, ракомет и одбојка. На тој начин, вие меѓу себе се натпреварувате, надигрувате, но, пред се, другарувате. Се надевам дека некој од вас и професионално ќе се занимава со фудбал, и ќе направи интернационална кариера во некој светски познат фудбалски клуб, потенцираше Богоев.
За најталентиран играч оваа сезона е прогласен Јетмир Исени од ОУ „ Братство“ , додека најдобар стрелец е Георг Стојановски од ОУ „ Војдан Чернодрински“. За најдобар голман е избран Нихат Ибраими од ОУ „ Братство“, а најдобар играч е Нефаил Садики од истото училиште.