ОДВОДНУВАЊЕ И СЛИВНИЦИ ВО КАРПОШ 4
- декември 7, 2017
- 0
Општина Карпош деновиве работи на решавање на одводнувањето, односно прифаќање на атмосферските води на паркингот во непосредна близина на старскиот дом „Елисавета“ и станбена зграда во Карпош 4.
Станува збор за изведба на т.н. попивателен бунар и два странични сливници. Изведбата ја врши МЗТ-ОЗТ „Пумпи“, а реализацијата ќе ја чини Општината околу 100.000 денари.