НОВО ЗЕЛЕНИЛО НА “МЛЕЧЕН” И “ПЕДАГОШКА”
- април 27, 2018
- 0
Денеска, Општина Карпош, преку Одделението за заштита на животната средина и природата, работеше на дополнително хортикултурно оплеменување на просторот на своја територија. Беше засадено ново зеленило од квалитетни украсни дрвја и растенија во девет жардиниери на платото на “Млечен”, како и на осум жардиниери на платото на Педагошка, во урбаната заедница „Владо Тасевски“.
Целта на континуираната еко акција за зазеленување на Карпош е да се оплемени постоечкото, меѓублоковско зеленило и истото да се одржува во текот на целата година.