КАРПОШ НА „РОДЕНДЕНОТ“ НА ТРАВНИК
- март 21, 2016
- 0
По повод 21 март, Денот на општина Травник, Босна и Херцеговина, делегација на Општина Карпош предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски и претседателот на Советот Сашо Лазаровски, отпатува во официјална посета на оваа збратимена општина на Карпош.
По тој повод, на свечената академија, беше потпишан Меморандум за соработка меѓу општините Травник и Карпош, во кој се зацртани правците за идната соработка меѓу двете локални власти.
Потписници на Меморандумот се градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски и началникот на Травник Адмир Хаџиемриќ.