КАРПОШ НА МЕЃУНАРОДНИОТ САЕМ ЗА ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ DETROP -2017
- март 6, 2017
- 0
Општина Карпош и оваа година преку свој претставник учествуваше на Меѓународната изложба на храна и пијалоци „DETROP – 2017“ која викендов се одржа во Солун – (Грција), во организација на HELEXPO (национална Агенција за организирање саеми, конгреси и културни настани).
На саемот беа претставени традиционални прехранбени производи од над 50 земји од светот, тематски одделени и распоредени во пет саемски хали.
Присутните ги дегустираа врвните производи од млеко и млечни преработки, месо и месни преработки, риби, егзотични овошја и зеленчуци и вина. Особен интерес кај присутните предизвика дегустацијата на подготвените вегетеријански и вегански производи и оброци.
Во рамките на манифестацијата се одржаа бројни трибини, тематско разграничени, во кои од стручен аспект се говореше за технолошката преработка на храната, органскиот квалитет и за контролата и безбедноста на храната. Во овој дел, стручното лице од Општина Карпош, Ирена Калајџиевска – Милевска, директно учествуваше во дебатата на тема „Безбедноста на храната како главна алка за правилен развој на децата“. Повеќето присутни разменија свои ставови и мислења за начинот на менаџирање на контролата на храната во предучилишните установи. Како што беше заклучено на крајот од дискусијата, целта е иста, но приодите се различни.
DETROP – изложба на храна и пијалоци, претставува врвен настан кој се одржува еднаш годишно во Солун за кој постои огромен интерес, во чија корист говори големата посетеност но и одличната организација. Како што и се најавуваше, овој саем прерасна во еден од водечките од ваков карактер во Европа.