И З В Е С Т У В А Њ Е
- декември 17, 2018
- 0
Почитувани граѓани,
Ве известуваме дека Општина Карпош почна со асфалтирањето на три поголеми сервисни улици и тоа улицата Карпошово востание во урбаната заедница Карпош3 , како и улиците Римска и Атинска во урбаната заедница „Владо Тасевски“.
Ве повикуваме доколку имате забелешки околу изведбените работи на улиците благовремено да реагирате и да се обратите на телефоните во Вашата урбана заедница:
УЗ Карпош 3 -Телефон за контакт: 078/486-059
УЗ „Владо Тасевски“-Телефон за контакт: 078/486-927
Целосната реконструкција на улиците се очекува да заврши најдоцна до април 2019 година, зависно од временските прилики.
Ви благодариме на соработката и разбирањето.