ДНЕВЕН РЕД, ТРЕТА ФОРУМСКА СЕСИЈА, ПРОЕКТЕН ФОРУМ ВО ЗАЕДНИЦАТА
- април 7, 2023
- 0
Почитувани, Ве покануваме на третата Форумска сесија, од ПРОЕКТНИОТ ФОРУМ во Општина Карпош, која ќе се одржи на 11-ти април (вторник), 2023 година, со почеток во 18:00 часот, во зградата на ООУ „Лазо Трповски“, кое се наоѓа на ул. Радика, бр. 9 (Карпош III), Скопје.
Oпштина Карпош, во периодот на месец март и април 2023 година, реализира ПРОЕКТЕН ФОРУМ ВО ЗАЕДНИЦАТА, со цел партиципативно и транспарентно донесување одлуки во општината заедно со граѓаните.
Форумот во заедницата е дел од компонента на проектот „Зајакнување на општинските совети“, кој општината го реализира во партнерство и со финанасиска подршка на Швајцарската влада (Швајцарската агенција за развој и соработка – SDC), Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП.
За сите дополнителни информации во врска со форумските сесии, лице за контакт е Координаторот на проектот Ивана Ордевска – тел. 078 486 962 и email: ivana.ordevska@karpos.gov.mk.
ДНЕВЕН РЕД
18:00 -18:15
-Добредојде на присутните, претставување на дневниот ред и целите на третата форумска сесија
18:15 -18:30
-Преглед на претходната сесија и работата меѓу сесии
18:30 -18:50
-Презентација на предлог проект (1) – Соларни панели на малите буџетски корисници
Дискусија (коментари, предлози и препораки)
18:50 -19:10
-Презентација на предлог проект (2) – Модерен училишен спортски центар во ООУ Петар Поп Арсов
Дискусија (коментари, предлози и препораки)
19:10 -19:30
– Презентација на предлог проект (3) – Реконструкција на спорската сала во ООУ „Лазо Трповски“,Карпош 3
Дискусија (коментари, предлози и препораки)
19:30 -19:50
–Пауза
19:50 -20:10
- Презентација на предлог проект (4) – Изградба на сензорна соба во градинките – Дискусија (коментари, предлози и препораки)
20:10 – 20:30
Презентација на предлог проект (5) – Лаборатории во кабинетите по Билогија
Дискусија (коментари, предлози и препораки)
20:30 – 21:00
– Презентација на правилата за избор на проекти
-Оценка на форумската сесија и договор за следни чекори