ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА КАРПОШ ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ НА „ОСЛОБОДИТЕЛИТЕ НА СКОПЈЕ “
- ноември 13, 2019
- 0
Пред споменикот „ Ослободители на Скопје“, по повод 75- годишнината од ослободувањето на нашиот главен град Скопје, делегација од Општина Карпош предводена од претседателот на Советот на Општината Андреј Манолев и членовите на советот Филип Даскаловски и Емилија Ризеска- Спасова положија свежо цвеќе. На манифестацијата по повод овој значаен историски датум, положија цвеќиња и оддадоа почит и голем број на претставници на Владата на Република Северна Македонија, претставници од локалните самоуправи кои се составен дел на Градот Скопје, здруженија на граѓани и други.
Претседателот на Сојузот на Борците Д-р Трајко Стаматовски ја истакна важноста од овој историски настан, во кој илјадници жртви несебично го положиле животот , за денеска ние да живееме во слободно Скопје. Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, исто така ја нагласи несебичната жртва на борците од Народноослободителната борба и придобивките од слободата која нашите генерации денес ја живеат и ја уживаат, напоменувајќи дека борбата на нашата генерација е да изградиме еден европски, просперитетен и функционален град за сите граѓани.