Спортска сала Партизан – решение 1: Ивона,Ана,Марија,Александар
Историски контекст
Спортскиот објект e донација од француската влада за обнова на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963-та година. Во 1969-та година спортската сала „Наум Наумовски-Борче“ (попозната како „Партизан“) е изградена, според проектот на истакнатиот архитект Трајко Димитров. Салата и нејзиниот двор одиграле важна улога во животот на многу жители на Скопје, за стотици спортисти кои се натпреварувале во Југославија, како и за континентални и меѓународни натпревари во гимнастика, трчање, стрелаштво и други спортови. Денес, 50 години подоцна, култната сала е во состојба на тотална напуштеност. Во моментов, таа е темна точка лоцирана веднаш до атрактивниот простор на Скопје Сити мол, кој привлекува илјадници купувачи секој ден. Со реновирањето на спортската сала „Партизан“ во модерен и мултифункционален центар за спорт и рекреација ќе се одржи во функција објект кој има историска и репрезентативна вредност. Ако парцелата остане цел на профитабилни интереси, таа ќе се користи за изградба на станбено-деловна зграда, или ќе остане темно место во урбаната населба.
Програмско-содржински концепт
Целта на ова решение е задржување на концептот на екстериерното обликување на спортската сала и појава на мали интервенции од естетски аспект при реконструкцијата. Спортската сала претставува симбол на спортскиот дух на општина Карпош и поради меморијата на населението кон салата ова предлог-решение го почитува постоечкиот екстериерен израз на објектот .
Програмата која ја предвидува ова предлог решение е наследена од претходните содржини кои го збогатувале просторот на спортската сала . Програмските содржини во спортската сала се развиваат на три ниова ; подрум,приземје и кат . Подрумското ниво доминантно е предвидено како простор за Македонската Спортска Стрелачка Федерација и дополнителни помошни простории за нејзините потреби . Програмата на ова ниво е дополнително збогатена со планирање на мултифункционален простор кој во себе може да акомодира повеќе различни функции од спортски или друг карактер , како на пример фитнес сала или конференциска сала . Примарно за овој мултифункционален простор е дека истиот е рентабилен и може да придонесува за финансиската ефикасност и самоодржливост на објектот.
Приземното ниво ги задржува постоечките содржини каде што доминантна е салата за вежбање. На ова ниво се сместени и просториите за администрацијата на објектот . Просторот функционално е збогатен со додавање на мини кафе бар .
Катот по својата функција е пропорционален со мултифункционалниот простор на подрумското ниво во однос на својата рентабилност и придонес кон финасиската самоодржливост на објектот . На овој кат се предвидуваат содржини од угостителски карактер , ресторан со кујна и помошни простории .
Овој концепт врши одредени промени во однос на дизајнот на кровната површина на објектот и дополнително ја обогатува локацијата со предвидување на зеленило како завршен слој на кровната тераса . На овој начин самиот објект уште повеќе се интегрира во својата локација .
Предлог-концептот предвидува одредени интервенции во партерното уредување на локацијата , креирање на отворен амфитеатар , креирање на траки за трчање околу објектот во рамките на локацијата , поставување на игралиште на отворено и интегрирање тематски содржини и простор за играње за децата кои се примарниот фактор и мотив за враќање во функција на спортската сала „Партизан“ .
Пристапот на ова решение комплетно го почитува оригиналниот дизајн на архитектот Трајко Димитров и го прави овој објект повторно симбол на спортот во општина Карпош .
Спортска сала Партизан – решение 2 : Томас, Матеус
Историски контекст
Спортскиот објект e донација од француската влада за обнова на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963-та година. Во 1969-та година спортската сала „Наум Наумовски-Борче“ (попозната како „Партизан“) е изградена, според проектот на истакнатиот архитект Трајко Димитров. Салата и нејзиниот двор одиграле важна улога во животот на многу жители на Скопје, за стотици спортисти кои се натпреварувале во Југославија, како и за континентални и меѓународни натпревари во гимнастика, трчање, стрелаштво и други спортови. Денес, 50 години подоцна, култната сала е во состојба на тотална напуштеност. Во моментов, таа е темна точка лоцирана веднаш до атрактивниот простор на Скопје Сити мол, кој привлекува илјадници купувачи секој ден. Со реновирањето на спортската сала „Партизан“ во модерен и мултифункционален центар за спорт и рекреација ќе се одржи во функција објект кој има историска и репрезентативна вредност. Ако парцелата остане цел на профитабилни интереси, таа ќе се користи за изградба на станбено-деловна зграда, или ќе остане темно место во урбаната населба.
Програмско-содржински концепт
Историското и културното значење на делото, како и важноста на архитектот Трајко Димитров во македонското архитектонско творештво воспоставува ограничувања чија примарна цел е зачувување на оригиналниот програм и постоечката карактеристика на конструкцијата.
Секундарната цел е додавање на нови содржини во согласност со новата спортска стандардизација, функционалност и економска одржливост, како што се: конференциска сала, кино проекција, работни простории за спортските работници.
Минимална промена се случува на источната и западната фасада од салата. Се додаваат прозорци како одговор на рационалниот дизајн, односно се овозможува еден пооргански спој со надворешноста на објектот.
На источната страна поради масивноста на Скопје Сити мол се додава зелен ѕид кој ќе го заштити просторот акустички, но пред се визуелно, минимизирајќи го доминантниот објект (Сити мол) и истакнувајќи го изолираниот (Партизан). Овде се додаваат и детските содржини. На западната страна се формира една современа интерпретација на локалниот пазар или маркет, односно повторно се користи K67 киоск-от, како контраст на Скопје Сити мол. Поставувајќи го индивидуално, на еден органски начин, со цел да се врати изгубеното чувство карактеристично за Општина Карпош и Скопје.