АНДРИЈАНА ЈАНЕВСКА ГИ ВООДУШЕВИ КАРПОШАНИ
- август 29, 2016
- 0
Оваа вечер, малото плоштатче во Т.Ц „ Лептокарија“, беше претесно да ги собере сите љубители на етноинструменталната изведба на песни на Андријана Јаневска и „ Митан Проект“. Во пријатна и релаксирана атмосфера, нашата музичка ѕвезда, феноменално ги испеа најубавите народни македонски песни.
Поткрепена од извонредните инструменталисти од „Митан Проект“, Јаневска со одлична интерпретација ги отпеа „ Македонско девојче“, ,, Елено ќерко“, „ Битола мој роден крај“ , „ Со маки сум се родила“ и многу други наши фолклорно – изворни песни . Карпошани и оваа ноќ од културното лето во својата Општина, уживаа во уште една манифестација, со која „ Карпошовото културно лето“ , покажа со право, зошто го носи епитетот на најголем културен бренд во Општина Карпош.