АДМИНИСТРАТИВНИ ИГРИ ЗА ДЕНОВИ НА ОПШТИНА КАРПОШ
- октомври 17, 2016
- 0
Во рамките на Деновите на Општина Карпош, во пресрет на јубилејниот 40-ти роденден на Општината, административните игри ќе започнат утре, вторник (18.10.2016 година), и ќе траат во наредните два дена. Административците од Општините, Карпош, Кисела Вода, Аеродром и Град Скопје, ќе се натпреваруваат во седум категории и тоа: мал фудбал, кошарка, пинг понг, пикадо, шах и тенис.
Натпреварите ќе се играат по следниот редослед:
18.10.2016 година
Мал фудбал – СЦ „Форца“ во 13.00 часот,
Кошарка – ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ во 15.00 часот,
Пинг Понг – ООУ „Владо Тасевски“ во 14.00 часот,
Пикадо – ООУ „Владо Тасевски“ во 14.00 часот.
19.10.2016 година
Мал фудбал – СЦ „Форца“ во 13.00 часот,
Кошарка – ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ во 15.00 часот,
Шах – ООУ „Јан Амос Коменски“ во 14.00 часот.
20.10.2016 година
Мал фудбал – СЦ „Форца“ во 13.00 часот,
Тенис – (дополнителна информација).