Збратимената општина Флери-су-Орн,   на Општина Карпош, од Република Франција ќе прослави  100 годишнина од  своето преименување.

По тој повод,  од 27 август до 02 септември  2016 година ,  официјална делегација од Општина Карпош, по покана на општината ќе присуствува на одбележувањето на овој значаен  јубилеј. Дамнешното присуство на племето Алемани, оставило траги врз историјата на овој град, па така до 1917 година , градот го носел името Алмањ ( што на француски значи Германија). Токму таа година, на 12 април, Советот на министри ја потврдил одлуката за преименување на градот Алмањ во Флери- су- Орн. Ова име било одбрано во чест на маченичкиот град ,, Флери- девант- Доуамонт“, кој бил целосно разрушен, во битката кај Вердун. Со цел да се додеде географска одредница на името, се придодава зборот ,, сур Орне“, на зборот ,, Флери“, по истоимената река Орн која навлегува во овој град. За време на викендот, Општината ќе организира голема прослава во чест на мирот одбејежувајќи ја на тој начин  100 годишнината. За време на оваа прослава, преку проектот ,,Јанг Стеј 2017” Young Stay  2017) кој е заснован на темата ,, Мир и солидарност“, ќе биде организирана средба на градоначалниците и младите лидери од различни градови и држави, се со цел да се интензивира и зајакне овој проект. По тој повод, градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, упати честитка до пријателите од оваа збратимена општина:

–          Посебно ми е мило што во името на Општина Карпош можам да ги поздравам нашите пријатели од општината Флери Сур Орн, кои што слават 100 години од промената на своето име, односно на Вашето име. Топло Ве поздравувам од името на граѓаните на Општина Карпош и воедно Ве молам да го примите моето извинување бидејќи не можам во овој временски период да бидам присутен и да го прославиме овој Ваш јубилеј. Посебно е значајно што во овој временски период и Општина Карпош има свој јубилеј, а тоа е 40 години од постоење на Општината. Тоа значи дека нашите две општини слават заеднички јубилеј, вие 100 години од промена на името, а пак ние 40 години од постоењето на Општина Карпош. Ќе ни биде многу мило еден ден, нашите идни генерации да слават 100 години од нашето заедничко пријателство, односно од заедничкото дружење и соработка меѓу нашите две општини. Голем поздрав до граѓаните на Вашата Општина од Општина Карпош и од мене како градоначалник.