ЈАВЕН ОГЛАС ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ ВО КАРПОШ
- мај 7, 2021
- 0
Објавен е јавниот оглас за субвенционирање на купување нови велосипеди за жителите од општина Карпош (https://karpos.gov.mk/wp-content/uploads/2017/08/Javen-povik-za-velosipedi-07.05.2021.pdf)
Акцијата започнува од денеска и ќе бидат доделени субвенции на граѓани кои ќе купат нов велосипед, не порано од денеска (07.05.2021).
Субвенцијата подразбира покривање на дел од трошоците, во износ од 30% од сумата за платен велосипед, но најмногу до 3.000 денари.
За оваа намена, Општината издвои финансиски средства од својот Буџет во висина од 500.000 денари, а субвенционирањето ќе се одвива по принципот – „прв дојден, прв услужен“. Заинтересираните физички лица при аплицирање за субвенции за велосипеди, треба да ги достават следните документи:
– Барање за субвенција за нов велосипед;
– Фотокопија од лична карта;
– Фотокопија од трансакциска сметка;
– Фискална сметка со сметкопотврда или фактура за купен велосипед, кој е купен не порано од петок (07.05.2021);
– Изјава за согласност за обработка на лични податоци;
Напомена: Жителите кои веќе оствариле право на субвенција за велосипед и за тоа добиле средства од Град Скопје, немаат право да учествуваат на огласот.
Аплицирањето ќе се врши преку пополнување на бараните документи, преку архивата на општина Карпош. Од понеделник (10.05.2021) аплицирањето ќе може да се врши и по електронски пат, преку мобилната апликација „мЗаедница“ (достапна за IOS и Android), како и на веб страната www.m-zaednica.mk при што е потребно, секој од горенаведените документи да биде скениран и прикачен на соодветното место.