ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА КАМП ЗА АКТИВНА МОБИЛНОСТ
- август 18, 2026
- 0
Во рамки на проектот „RE:ENGAGE – Реактивирање на NEET младите преку активна мобилност“, Вело училиштата и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) објавуваат јавен повик за избор на 20 млади лица за учество на четиридневен камп за активна мобилност.
Кампот ќе се одржи од 31 август до 3 септември 2026 година во Охрид, а неговата цел е да им овозможи на младите стекнување практични знаења и вештини поврзани со активната мобилност, безбедното движење и одржливите начини на транспорт.
Во текот на кампот, учесниците ќе имаат можност преку различни активности да ја унапредат својата самодоверба, иницијативност и активно учество во заедницата, како и да научат како преку мали локални акции можат да придонесат кон создавање побезбедни, поинклузивни и позелени заедници.
Учеството на кампот ќе им овозможи на младите да стекнат практично искуство и нови знаења кои можат да бидат значаен придонес за нивниот понатамошен личен развој, образование и вработливост.
📌 Број на учесници: 20 млади лица
📅 Датум: 31 август – 3 септември 2026 година
📍 Локација: Охрид










