ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на заинтересирани лица за членување во Совет за поддршка на женското претприемништво на Општина Карпош

 

1.       ЦЕЛ, РАБОТА И СОСТАВ НА СОВЕТОТ

Цел на Советот за поддршка на женското претприемништво на Општина Карпош е да ги претставува и застапува интересите на актуелните и потенцијалните жени претприемачи во Општина Карпош преку давање мислења и препораки за прашања од интерес на женското претпиемништво и родовата рамноправност, креирање на планови, стратегии и политики за поддршка на жените претприемачи и економско зајакнување на жените.

 

Работата на Советот за поддршка на женското претпиемништво на Општина Карпош е јавна.

Учеството во Советот за поддршка на женското претприемништво на Општина Карпош е на доброволна основа. За работа и учество во Советот за поддршка на женското претпиемништво на Општина Карпош не следува надомест.

Советот за поддршка на женското претпиемништво го сочинуваат   најмалку 19 (деветнаесет) членови. Членовите на Советот избираат претседавач и двајца заменици од својот состав.

 

 

 

2.      ПРАВО НА ПРИЈАВУВАЊЕ

На Јавниот повик може да се пријават сите заинтересирани физички лица, претставници од бизнис секторот, претставници од образовниот сектор, претставници на невладини организации, здруженија на граѓани и граѓански активисти кои работата во областа на женските права, родовата еднаквост и економското зајакнување на жените.

 

3.      НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Заинтересираните кандидати се пријавуваат со доставување на своја Биографија и   мотивационо писмо. Документите се доставуваат во Архивата на Општина Карпош (во затворен плик), со ознака   „Не отворај“ и со назнака „До координаторот за еднакви можности меѓу жените и мажите “.

 

АдресаОпштина Карпош, ул.Никола Русински бр.11

 

 

  1. РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

              Повикот за пријавување трае 3 месеци дена од денот на објавување на веб страната на Општина Карпош, сметано од 05.03.2026 година, краен рок 05.06.2026

 

Некомплетните документи нема да бидат разгледувани.