Пред неполн час, на дојава на граѓанин од општина Карпош, на локација во близина на алпинистичка карпа во непосредна близина на бетонската база на „ЕНГ Бетон“ (на кејот на реката Вардар), беше забележан оган од поголеми размери. Во случајов, општинските инспекциски служби веднаш реагираа и ги известија службените лица од полициската станица Карпош, а случајот го пријавија и до противпожарните единици, при што во најкус можен рок надлежните излегоа на терен и го локализираа пожарот. Сторителите се фатени на лице место како палат и истите ќе бидат санкционирани.