Во Прилеп, изминатиот викенд ( 08 и 09 март),  се одржа Државното првенство за пионери и пионерки , како и Државното првенство за сениори и сениорки во џудо. Сениорите на џудо клубот „Ипон“ се закитија со бројни медали на овогодинешното првенство.

Победничка во категоријата до 52 кг.,  е Арбреша Реџепи, додека шампионка во категорија до 57 кг. е Берна Шерифовска. Воедно и  Амра Фејзула во категоријата до 70 килограми  е првопласирана  на  Државното првенство -2020 година. На втората позиција се пласираа Елена Попоска во категорија до 63 кг, и Румејса Фејзула до 70 килограми.  Кај  сениорите најдобар е Резарт Хусени во категоријата до 66 килограми, додека до 81 килограми е најдобар Еди Шерифовски. Во категоријата до 90 кг, првенец е  Артан Рушити.

 

Кај  пионерите, Фисник Фејзулау го освои второто место во категоријата до 55 килограми, додека трето пласирани беа  Блерим Салиу до 38 кг, Ерди  Зекири до  42 кг, како и Анди Ахмети во категорија до 55 кг.

 

Џудо клубот „Ипон“ од Карпош и  во иднина ќе вложува во спортскиот развој на своите џудисти, се со цел и во иднина да се постигнуваат шампионски резултати, како на домашно државно ниво, така и на меѓународните натпреварувања.