ЧИСТЕЊЕ НА СОБИРНИОТ КАНАЛ ВО НЕРЕЗИ
- јануари 22, 2019
- 0
Комуналните служби на Општина Карпош денеска го чистеа собирниот канал за атмосферски води во Нерези (над чешмите), со цел да се превенира евентуално надоаѓање на поголеми води од врнежи од дожд или од топење на снегот.
Станува збор за канал кој при поголеми врнежи предизвикува сериозни проблеми долж улицата „Јуриј Гагарин“ и во населбата Козле.
Општина Карпош апелира до сите граѓани да не фрлаат отпад во овие канали, со што ги затнуваат и се отежнува протокот на атмосферската вода.
Локалната самоуправа продолжува со секојдневното одржување на јавната хигиена на територија на Карпош.