ЧИСТЕЊЕ НА КОРИТОТО НА ВАРДАР
- јули 18, 2018
- 0
Комуналните служби на Општина Карпош утринава се приклучија кон акцијата на Градот Скопје и ЈП Паркови и зеленило, ЈП Улици и патишта и ЈП Комунална хигиена за чистење на коритото на реката Вардар.Поголем број на хигиеничари од нашата Општина и во изминатиот период го чистеа Кејот, а исто така беше санирано и дел од јавното осветлување.
Сепак, поради летниот период и зголемената активност на граѓаните, потребни се постојани и координирани акции на Кејот на Вардар. Општина Карпош секогаш ќе учествува во овие активности за одржување на јавната хигиена во оваа зона за спорт и рекреација.
Исто така, апелираме до сите граѓани кои често се активни на Кејот на Вардар, да водат грижа за околниот простор и животната средина во овој дел од Карпош.