(ФОТОГРАФИИ) КАРПОШ ПУЛСИРАШЕ ВО ДУХОТ НА УРБАНОТО
- април 26, 2020
- 0
Музика за сите генерации, позитивна енергија од околните тераси и двочасовно уживање со DJ Babura Junior. Во овој стил помина музичкиот настан „Звуците на урбан Карпош“, организиран од Општина Карпош, на кровната површина на ТЦ Скопје Сити мол.
DJ Babura Junior не потсети на голем број диско хитови, но и на ретро македонски и странски песни. Тој одржуваше и постојана комуникација со публиката од околните тераси, при што се направи ѕвездено небо во спомен на нашата музичка легенда Тоше Проески.
Овој музички перформанс имаше за цел да ги анимира граѓаните за време на полициски час, како резултат на пандемијата со коронавирусот. За истиот, не се потрошени средства од Буџетот туку беше спроведен на волонтерска основа и преку донации.