Членовите во Советот на Општина Карпош, на денешната 23-та седница, ги одобрија Одлуките за одобрување на финансиски средства за летен одмор на ученици од семејства во потешка материјална состојба од Општина Карпош, како и финансиски средства за награди за полуматуранти-првенци на генерација за заедничко патување од општинските основни училишта кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа за учебната 2018/2019 та година.

 На оваа седница беа одобрени и парични награди за првенците-полуматуранти од општинските основни училишта од Карпош, како и  за наградна домашна или меѓународна повеќедневна спортска екскурзија. Финансиски наградни средства добија и професори-тренери  и индивидуално прогласени ученици спортисти во училишните спортски игри Карпош 2019 година, како и менторите на хоровите од училиштата во локалната самоуправа за  хорскиот натпревар меѓу училиштата во оваа учебна година.

 

Финансиска поддршка со одлука на Советот на локалната самоуправа, е одобрена и за одбојкарскиот клуб „ Фит Фан Волеј Скопје“, спортскиот клуб  „ О.К Вардар Скопје“, фудбалскиот клуб „ Академија Пандев- Карпош“,  „ Лепенец Скопје“, фудбалскиот клуб „ Карев“, „ Карате клуб Скопје“,  и др.

 

Исто така се одобри и финансиската поткрепа за  АКУД „ Мирче Ацев“, фолклорното друшво „ Етнос“,  МКУД „ Цветан  Димов“,  како и за друштвото за дизајн „ Арт Крафт Дизајн Дооел Скопје“, и финансиска поддршка за прф.Д-р Марјан Димитријевски.