УЧИЛИШТАТА ОД КАРПОШ ПОДГОТВЕНИ ЗА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА
- август 17, 2022
- 0
Во пресрет на новата учебна година, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска одржа работен состанок со директорките на сите основни училишта кои се наоѓаат на територија на локалната самоуправа. На координативната средба се разговараше за фактичката состојба на училишните објекти и за евентуалните подготовки за нивно понатамошно одржување, како и за ситуацијата во однос на наставниот кадар во образовните установи.
Притоа, беше истакнато дека општината ќе обезбеди смарт табли за потребите на наставно – образовниот процес, согласно новата концепција на Министерството за образование и наука на РСМ. Имено, во градењето на овој концепт спаѓа и подготвувањето на учениците за комбиниран пристап на учење преку дигитални платформи во различни услови, како и користењето на дигиталната технологија во рамки на современиот едукативен процес.