УМЕТНОСТ ЗА ДЕНОТ НА ЖЕНАТА
- март 8, 2016
- 0
Вчеравечер, во Кинотеката на Македонија, се одржа традиционалната изложба по повод 8-ми март, Меѓународниот празник на жената. На изложбата беа поделени благодарници за учество како и по една црвена роза на секоја жена- уметник.
Во оваа пригода празникот им го честита претседателот на Комисијата за култура при Советот на Општина Карпош, Горан Михајлов. На изложбата, уметниците ја прикажаа својата креативност преку ликовната уметност изработувајќи уметнички дела, а организатор и оваа година е Одделението за спорт и култура при Општината.