ТЕМПЕРА ГО ,, ОБОИ“ НЕБОТО НАД КАРПОШ
- август 25, 2016
- 0
Културната летна манифестација , оваа вечер на жителите на Општина Карпош им овозможи рокерско уживање . Рок бендот ,, Темпера” , со својот енергичен настап, ја подигна атмосферата во публиката и ги разигра карпошани.
Гитаристот Драган Гиновски- Гино, тапанарот Мите Димовски, како и Ѓоле Максимовски на бас гитара, и вокалистката Тања Тас, се погрижија, љубителите на овој жанр музика, да се релаксираат во оваа летна августовска ноќ. Групата ,, Темпера’’, со својата динамична изведба и богатиот репертоар на песни, вечерва , културно го ,, обои ‘’ небото над Карпош.