Денеска, во вечерните часови на плоштадот ,,Делфина’’ во населба Влае започна кампањата за спречување на меѓуврсничкото насилство и говорот на омраза на социјалните мрежи. Театарската претстава од ученици во средните училишта на Град Скопје, веднаш го привлече вниманието  и беше повод за развивање на дебата меѓу граѓаните.

Оваа кампања е во организација на СВР-Скопје во соработка со Општина Карпош и Форум Театар составен од ученици од средните училишта на Град Скопје. Во пресрет на учебната година, кампањата ќе има за цел да едуцира и да ја подигне свеста за одговорноста на младите.

Со презентираното на плоштадот ,,Делфина“ пред насобраните граѓани беше испратена силна порака до јавноста  за реалната опасност од меѓуврсничкото насилство на најмладите.

Настанот со оглед на пандемијата од Корона вирус се одржа на отворено со почитување на протоколите за заштита од КОВИД-19.