На првата официјална и протоколарна средба се разговараше за одличните и пријателски македонско-црногорски односи, можностите за нивно дополнително продлабочување, како и за проекти од заеднички и регионален интерес.
Во духот на блискоста и традиционалното пријателство меѓу двата народи, беше истакната важноста од меѓусебна поддршка, размена на искуства и унапредување на соработката на локално ниво, преку воспоставување и развивање на партнерства меѓу општините.

Посебен акцент беше ставен на реализација на заеднички културни активности и настани, како и на унапредување на соработката во областа на спортот. 
Заеднички беше констатирано дека локалната соработка претставува важен мост за дополнително зближување на граѓаните, за размена на позитивни искуства и за создавање нови можности за заеднички проекти од интерес за двете страни.
Средбата ја потврди заедничката определба за понатамошно продлабочување на пријателските врски, взаемната поддршка и соработката меѓу двете земји, но и меѓу локалните заедници.