Општина Карпош започна со целосна промена на прозорците во спортската сала на ООУ “Аврам Писевски,,. Летниот период е најидеалниот период за реконструкција и обновување на одредени објектите. Така, по промената на прозорите, покривот и фасадата на истото училиште во 2012 година, својот ред го доби и салата во која спортуваат најмалите.

 

Локалната самоуправа за оваа намена, од својот буџет, одвои околу 630.700 денари, а во реконструкцијата влегуваат ПВЦ конструкција вклучувајќи, рамка, крила и т-пречки, изработени од шестокоморни профили со двоен дихтунг за звучна и  термо изолација. По тој повод, денеска градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски беше во обиколка на оваа училишна установа.

-Овој период ги менуваме стаклата, односно прозорите во спортската сала Аврам Писевски, ќе се постават заштитни кутии, и на тој начин ќе ги заштитиме учениците од несакана незгода при кршење од топка или било што друго. Прозорите ќе располагаат со механизми за отворање и затворање, со цел да се ветрее просторијата. Покрај ова, училиштето “Аврам Писевски,, ќе биде и целосно бојадисано, учениците ќе дојдат во комплетно ново училиште.  Од сега па натаму, во сите училишта бојата ќе биде антибактериска, која ќе може да се чисти и со водена крпа. Продолжуваме со овие наши инвестиции за подобрување на материјалните услови за живот и работа на нашите најмлади жители во Општина Карпош – истакна Јакимовски.

Рокот на изведба на прозорите во спортската сала е 30 дена.