По повод 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош, започнуваат јубилејните меѓуопштински спортски игри, кои преку спортот, дружењето и фер-плејот ќе ги обединат младите спортисти од четири скопски општини.

Во натпреварите ќе учествуваат најдобрите ученици од Општина Карпош, Општина Кисела Вода, Општина Аеродром и Општина Гази Баба, кои ќе ги одмерат силите во фудбал, кошарка и одбојка за девојчиња.
 
Фудбал – 27 и 28 октомври, спортски терен Влае
 Кошарка – 27 и 28 октомври, спортска сала „Партизан“ – Карпош 4
Одбојка – девојчиња – 29 и 30 октомври, спортска сала „Партизан“ – Карпош 4
Натпреварите започнуваат во 11:00 часот, а вторите средби во 12:00 часот, додека вториот натпреварувачки ден ќе биде резервиран за борбите за третото и првото место.
 
 Младост, спортски дух, тимска игра и фер-плеј!
Јубилејот на Карпош го одбележуваме онака како што најмногу прилега на спортот – заедно, со позитивна енергија и почит кон противникот.
 
Ги покануваме сите граѓани кои се во можност да ги проследат натпреварите и да ги поддржат младите спортисти.
Влезот е слободен!
50 години Карпош – пулсот на градот