Општина Карпош вчера постави вертикална сообраќајна сигнализација, околу плоштадот кај Млечниот ресторан во У.З „Владо Тасевски“. Според сообраќајните знаци, се забранува движењето со мотор во рамки на платото, кое е предвидено за движење и престој на граѓаните.

 

 

Со цел, поголема безбедност на жителите кои го користат овој урбан сквер, апелираме до сите граѓани да ги почитуваат сообраќајните правила.