СО ЉУБОВ ЗА КАРПОШ
- септември 2, 2017
- 0
Првата септемвриска вечер, „пријателите на Карпош“ пееја со искрени емоции за своите сограѓани. Петмината карпошани Ристо Самарџиев, Лидија Кочовска, Сузана Турунџиева, Гуру Харе и Џина Папас Џокси, на платото во Т.Ц. Лептокарија создадоа незаборавна атмосфера, која ќе остане длабоко врежана во срцата на публиката. Со својот сентиментален музички настап преполн со стилска ритмика, вечерва, ветераните на поп и блуз жанрот симболично ги спуштија завесите на овогодинешното десетто по ред „Културно лето Карпош-2017“.
Нивната харизматична поставеност на музичката сцена, веднаш ја препознаа љубителите на добрата песна, кои заедно со искусните музичари ги потпевнуваа нивните магични рефрени. Од впечатливите лица на карпошани можеше јасно да се забележи, дека тие биле дел од една прекрасната ноќ која вели, – „догледање до следното карпошово културно лето“.