Општина Карпош започна да поставува отворени податоци на својата веб страна. Во excel формати достапни се буџетите за 2021 и 2020 година, податоци за членовите на Советот, како и за основните училишта (линк: https://bit.ly/3ssKJL0 ).

Отворените податоци овозможуваат поголема соработка меѓу граѓаните, граѓанските организации и Општината. Пристапот до истите не е ограничен, со што на поедноставен начин се обработуваат и служат за креирање на истражувања и политики кои одговараат на потребите на граѓаните.

 

Иако, општина Карпош според Државниот завод за ревизија е на врвот по квалитет на на услуги преку веб страницата меѓу сите општини, а е и најтранспарентна државна институција, заедно со Министерството за одбрана, според Извештајот на Центарот за граѓански комуникации, континуирано продолжуваме со подобрување на активната транспарентност.

 

Неодамна, на www.karpos.gov.mk беа објавени и најчесто поставуваните прашања, со цел граѓаните на побрз начин да стигнат до посакуваниот одговор.