„СКИЈАЊЕТО Е ЖИВОТ“ – ЗА МЛАДИТЕ КАРПОШАНИ
- ноември 29, 2017
- 0
На 01.12.2017 година (петок), со почеток во 12:00 часот, на игралиштето „Сокол“ во УЗ Карпош 1, ќе се одржи промоција на скијањето како олимписки спорт, во организација на Ски Клуб “Меденица”, под мотото „СНЕГОТ Е РАДОСТ – СКИЈАЊЕТО Е ЖИВОТ“.
Овој настан е дел и од официјалната Програма за деца на Интернационалната скијачка федерација (http://bit.ly/2zvX48R) , како и пресрет на Зимските Олимписки Игри кои ќе се одржат во Пјонгчанг, Јужна Кореја, од 09-ти до 25-ти февруари претстојната година.
Во знак на поддршка на спортот и развивањето на спортскиот дух кај најмладите, Општина Карпош активно ќе се приклучи кон настанот кој се одржува на нејзина територија.
Целта на ова еднодневно спортско дружење е да ги обедини учениците од основните училишта во Општина Карпош и да ги поттикне на индивидуални и екипни спортови кои придонесуваат да се развиваат здравите навики кај младите, но и да се стекнат вештини и способности кои се корисни во секојдневието.
Искусните тренери и ментори од Ски Клуб „Меденица“ ќе го доближат скијањето до најмладите карпошани, при што ќе стане збор и за вредностите со кои би се стекнале учениците доколку ср бават со скијачкиот спорт: јакнење на самодовербата, натпреварувачкиот дух, желбата да се успее.. На настанот ќе бидат презентирани и активностите на клубот во текот на целата година. Настанот е од отворен карактер и сите заинтересирани ученици од Карпош се добредојдени.