СЕ РЕКОНСТРУИРА КРАК ОД УЛ. „18“ ВО БАРДОВЦИ
- февруари 11, 2020
- 0
Општина Карпош работи на реконструкција на крак од ул. „18“ во Бардовци. Овој дел претставува пристап за повеќе домаќинства од ова населено место и долги години, кракот од оваа улица беше во лоша состојба.
Обновата на оваа улица е во рамки на дванаесеттте улици кои етапно ќе се санираат во Бардовци. Сите 12 улици се во должина од 969 метри и повеќе години беа во руинирана состојба.
Локалната самоуправа веќе реконструираше крак на улица „4“, кој е во должина од 150 метри.
Примарната цел на Општината е да продолжи да ги развиваа периферните делови на Карпош, кои делуваа отсечени од урбаното јадро.