РОДЕНДЕНСКИ ОЛД ТАЈМЕРИ
- октомври 30, 2022
- 0
По повод традиционалната манифестација „Денови на Општина Карпош”, денеска на плоштадот Делфина во населбата Влае, се одржа изложба на 70 возила-олд тајмери и на колекционерски предмети. Интересот на посетителите беше огромен како и на оние кои сакаа да ги погледнат и да се воодушеват од старо/новите возила. Целта, според организаторите, е дружење и презентација на сопствениците на олд тајмерите од целата држава. На денешниот собир, освен домашните, беа присутни и пет гостински авто клубови. Советникот Дејан Лазаревски им подели благодарници на учесниците и на организаторите, како и на Амбасадорот на Холандија во Македонија, кој за прв пат беше дел од олд тајмер собирот.
-По четврти пат, во период од една година, се организира ваков настан на територија на Општина Карпош којшто го збогатува културно забавниот живот во Карпош. Овој настан е само дел од низата настани кои се одржуваат изминатите денови. Секој настан досега поминал со голема и одлична посетеност и интерес од граѓаните. Тоа е причина повеќе да ја продолжиме нашата соработка со организаторите. – рече Лазаревски.
Во знак на благодарност до Општина Карпош, Здружението на олд тајмери „Љубители на класик мини”, додели плакета и торта во знакот на роденденот на локалната самоуправа.