На иницијатива на локалната самоуправа,  вчера беше изведена завршната фаза од реконструкција на паркингот кој се наоѓа на улица „Његошева“,  во населбата Тафталиџе 2.  Градежниот зафат го реализираше фирмата „ЛЕНДИ ГРУП“, а паркинг просторот опфаќа површина  од 1120 м2 и има должина од 117 метри. За оваа намена, Општина Карпош обезбеди финансиска конструкција во висина од 1.067.497.00 денари. Општината продолжува да работи во насока на решавање на сообраќајниот метеж, обезбедување на повеќе слободни паркинг места за своите жители, како и на  подобрувањето на инфраструктурните услови на своја територија.