Во саботата ( 14. Април), детската градинка „ Пролет“ го одбележа својот 53- годишен патронат. На манифестацијата која се одржа на амфитеатарот на кејот на реката Вардар, учествуваа сите дечиња од градинката со своите родители. Во првиот дел од претставата учествуваа дечиеата од пет и шест години, кои со песни, танци и рецитали ги забавуваа присутните, додека во вториот дел кој се состоеше од пешачење од амфитеатарот до зелениот појас кај хотелот „ Александар Палас“, се вклучија сите дечиња, заедно со нивните родители.

 

На оваа годишница од формирањето на градинката „ Пролет“, присутна беше и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, претставници од локалната самоуправа, како и просветни работници од основните училишта и детските установи на територијата на Општина Карпош.