Во големата градежна акција на асфалтирање на улиците во урбаната заедница „Тафталиџе 1″, денеска беше реконструирана улицата „Хаванска” во должина од 170 метри на која се обновени и тротоарите. За оваа улица од општинскиот буџет се издвоени еден милион и петстотини  денари, а фирма изведувач е „Бауер-БГ” ДОО Скопје.

Исто така, во текот на денешниот ден беше асфалтиран и крак од улицата „Хелсински” во должина од 71 метар од страна на истоимената фирма „Бауер БГ” за кој Општината издвои петстотини илјади денари. 
Во урбаната заедница „Владо Тасевски“, фирмата „Ескаватори МК”, работеше на обнова на тротоари како и на асфалтирање на коловозот на поголемата улица „Анкарска” во должина од 400 метри, за која Општината издвои три милиони и триста денари.
Во населбата Тафталиџе 1, улицата „Нобелова” е исто така целосно реконструирана, а за неа од општинската каса беа издвоени три милиони денари.
Во текот на утрешниот ден е предвидено да се завршии  реконструкција на улица „Хелсинки” во должина од 170 метри на делницата од заедниот дел на Факултетот за туризам и менаџмент па се до улицата „Париска”.
Со оваа градежна активност, целиот комплекс улици во У.З. „Тафталиџе 1″ ќе биде целосно реконструиран.