Општина Карпош врши комплетна санација на просторот на месната заедница „Бардовци“ при што се работи на замена на прозорци, влезна и внатрешни врати, изведба на спуштен плафон, обнова на електрични инсталации, поставување на подови од ламинат и санација на санитарен јазол како и комплетно молеро-фарбарски работи во внатрешноста на месната заедница.

Изведувач на работите е фирмата „Конструктор-ком“, а буџетот на локалната самоуправа овој зафат ќе го чини 314 илјади денари.