Во рамки на континуираните активности кои се одвиваат веќе 10 години во сите училишта и детски градинки во општина Карпош,  деновиве започна реконструкција на нисконапонските главни и спратни табли во ООУ „Аврам Писевски“. Целта на овој зафат е да се заменат сите стари топлински осигурувачи со нови автоматски заштитни осигурувачи, да се заменат собирниците и сите дотраени елементи во таблите како и да се стави дополнителна заштита преку „фид“ склопки за сите штекери по училниците и работните простории.

Со реконструкција дополнително ќе се прераспредели фазното оптоварување по приклучоците и ќе се стават еднополни шеми со означени потрошувачи по изводите. Со оваа иницијатива се подигнува безбедноста на електричниот развод на потребното ниво за објектот, особено за неговите корисници – учениците и наставниот кадар. Активноста опфаќа и мерење на реконструкција на заштитно заземјување на таблите и разводот.