Поради поголема безбедност во образовните институции, Општина Карпош ја
ангажираше фирмата „Магнус Инженеринг“ која ги обновува нисконапонските табли,
осигурувачи и електричната инсталација во основното училиште „Војдан Чернодрински“.

За изведба на работите, локалната самоуправа склучи едногодишен договор чија вкупна
финансиска конструкција изнесува 497.942 денари. Општината презеде иницијатива за
менување на застарената електрична инсталација, со што се зголемува сигурноста на
основците и на наставно техничкиот кадар кои престојуваат во овој улилишниот објект.