РЕКОНСТРУКЦИИ ВО „МАЈСКИ ЦВЕТ“ НА МЛЕЧЕН –НА РЕД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ГРАДИНКАТА ВО ТАФТАЛИЏЕ 1
- јануари 27, 2020
- 0
Во детската градинка „Мајски цвет“ во УЗ „Владо Тасевски“ (Млечен) се извршија повеќе реконструкции и санации, со што значително се подобрија условите за престој и грижа на најмладите.
Целосно е заменет покривот на објектот. Старите азбестни табли се заменети со нова кровна површина, со цел да се заштити здравјето на најмладите, но и да се придонесе во заштита на животната средина.
Заменет е и подот во градинката, а со поддршка на Министерството за животна средина и просторно плнанирање, целосно се променија надворешните прозорци и врати, со што се подобри енергетската ефикасност на установата, а заштедата на сметките за топлинска енергија ќе биде до 30 %. Исто така, управата на градинката вложи средства за обнова на тоалетите и набавка на нов мебел (креветчиња, шкафови и клупи).
Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев во денешната изјава за медиуми најави дека локалната самоуправа се фокусира на реконструкција и на градинката „Мајски цвет“, во Тафталиџе 1, на ул. „Варшавска“.
- Овој објект повеќе години е во лоша состојба, но, на пролет, ќе започнеме со реконструкција на тоалетите, а потоа ќе следи и промена на надворешната столарија и обнова на фасадата. За овие активности, Општината предвиде буџетски средства од пет милиони денари, рече Богоев.
Локалната самоуправа продолжува да инвестира во сеопфатно и инклузивно предучилишно образование.