ПРОШИРУВАЊЕ НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО СРЕДНО НЕРЕЗИ
- јуни 11, 2020
- 0
Започна надградбата на водоводната мрежа во Средно Нерези. Подолг период, овој дел од Карпош се соочуваше со неразвиена водоводна мрежа, слаб притисок и послаб квалитет на вода.
Општина Карпош ги изведува градежно – земјените работи, а со поддршка на ЈП „Водовод и канализација“ се поставува инсталацијата на водоводните цевки.
На теренски увид, денеска беа градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Душко Весковски.
- Водоводната мрежа опфаќа 14 краци и е со вкупна должина од 2.500 метри. Тука навистина постоеше потреба од дополнителна водоводна мрежа, со цел подобро водоснабдување за граѓаните од Нерези. Локалната самоуправа продолжува со одржување на постоечката инфраструктура, но и развој на нова сообраќајна, канализациона и водоводна мрежа во периферните делови. Развојот на периферијата е клучен за да се „ослободи“ урбаното јадро и да се развива Општината во сите аспекти, рече Богоев.
Станува збор за проект чија вредност е околу 14, 5 милиони денари, посочи Весковски. Дел од досегашната водоводна мрежа била изградена од самопридонес, а новиот зафат е по сите стандарди, со Ф 100 цевки.
Општината и ова јавно претпријатие продолжуваат со успешната соработка и на други проекти, поврзани со обезбедувањето на подобра канализациона и водоводна мрежа во Карпош.