Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски,  денеска имаше интензивна меѓународна соработка. Во пријателска посета  на општинскиот татко дојде градоначалникот на Биоград на Море, г-дин Иван Кнез  и неговиот заменик градоначалник, со кои во едночасовниот разговор, првите луѓе на двете локални  власти, разговараа за можностите за стопанска соработка  меѓу oпштина Карпош и овој познат туристички град од Северна Далмација.

Претставниците од „Седиштето на хрватските кралеви и бискупи“ како што го викаат ова далматинско пристаниште и  значаен сообраќаен центар, упатија покана за  присуство на десет  врвни спортисти од oпштина Карпош кои би учествувале на традиционалните „Јадрански средби„ реномирана манифестација на која се натпреваруваат спортисти од десетина држави.

 Договорено е, исто така, да  почнат подготовките за потпишување на Меморандум за збратимување меѓу Карпош и Биоград на Море, кој би бил потпишан од 3 до 5 јуни годинава.

Градоначалникот Јакимовски денесka се сретна и со Тамара Крстовиќ, PR менаџер на Туристичкиот сојуз на Тиват, збратимена Општина со Карпош,, Магдалена Тујковиќ, соработник за промоција и пропаганда и Сандра Килибарда одговорна за меѓународна соработка. Тема на разговорот беше претстојната туристичка сезона во овој град од Црногорското приморје, во кој традиционално, секоја година, на наградно патување се праќаат најдобрите спортисти од основните училишта од Карпош.