ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ПРОЕКТОТ ЕРАЗМУС ВО ПОСЕТА НА КАРПОШ
- февруари 26, 2019
- 0
Ученици и наставници од Еразмус твининг проектот „Откривајќи го минатато – движејќи се кон иднината“, кои соработуваат со општинското основно училиште „Петар Поп Арсов“, беа во посета на Општина Карпош.
Ова училиште е прво од Општина Карпош кое го доби проектот КА229, при што стана партнер училиште со училишта од Италија, Турција, Литванија и Унгарија.
Присутните гости од овие земји имаа можност да се сретнат со градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев и да се запознаат со работата на локалната самоуправа.
Градоначалникот Богоев посочи дека преку овие размени и споделувања на различни искуства се постигнува вмрежување меѓу младите, размена на различни искуства и практики кои ќе бидат корисни во рамки на наставата.
Со цел да се доближи културата до најмладите, во рамки на овие размени се посетуваат и локации и објекти од културното наследство на земјите.